Ајдар-кади џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајдар-кади џамија
Hajdar Kadi Mosque (Bitola).jpg
Основни податоци
МестоБитола, Општина Битола
ПрипадностСунитски ислам
Духовно-организациски статуснеактивна
ВодствоБитолско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1563
Особености
Куполи1
Висина на куполата (надв.)19 метри
Минариња2
Материјаликамен

Ајдар-кади џамијаотоманска џамија во Битола. Се наоѓа во стариот „Овчи Пазар“, блиску до стариот амам „Дебој“ и до стариот пазар.

Била изградена во 1561-1563 година од кадијата Ајдар од Битола. Џамијата е градена од градители од школата на најголемиот османлиски градител Мимар Синан и е позната како џамија „Принцеза на Балканот“.[1] Таа е типична битолска џамија, со квадратна основа, голема единична купола и порта. Куполата, висока 19 метри, лежи на цилиндар кого од своја страна го држат дванаесеттоаголни столбови. Надворешноста е многу едноставна, единствениот украс се тулите кои ги опшиваат отворите. Оваа џамија е единствена во Македонија со две минариња.[2].

Внатрешноста е доста оштетена, единствено михработ е зачуван. Другите елементи биле изгубени пред реставрацијата извршена во 1960-1961 година. Муралите се ретки и во многу лоша состојба.[2].

Во тек е реставрација, конзервација и реконструкција на Aјдар-кади џамијата (заедно со Исак џамијата) со поддршка на Турција. [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]