Прејди на содржината

Тумба (Породин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Тумба“

Карта

Местоположба 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306°N 21.36667°E / 40.93306; 21.36667
Основни податоци
МестоПородин
ОпштинаБитола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на растојание од околу 1,5 км источно од селото и на 800 м западно од асфалтниот пат Битола-Лерин, каде во рамнината се издига тумба висока 2,5 м и со пречник во основата од околу 150 м. Во 1953/54 година Народниот музеј од Битола, под раководство на Миодраг Грбиќ и со учество на група соработници, извршил систематско ископување во централниот дел на тумбата. Значајно е откривањето на остатоци од лепеж од ѕидови на трапезоидна куќа и множество подвижен археолошки материјал од кој се издвојуваат керамичките садови, антропоморфната и зооморфната пластика и посебно жртвениците - макети на куќи со антропоморфни цилиндри. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 1 2 3 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678