Мирои Орници
„Мирои Орници“ |
|
Местоположба | |
Основни податоци | |
---|---|
Име | Мирои Орници |
Место | Крстоар |
Општина | Битола |
Тип | |
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ • Проект „Археомак“ |
Мирои Орници — археолошки локалитет во битолското село Крстоар. Локалитетот претставува базилика од старохристијанско време . Се наоѓа на околу 300 m северозападно од Крстоарскиот манастир, каде војската при копање на ровови во 1954 година открила објект со мозаичен под. Објектот бил ѕидан од камен и варов малтер. Денес по површината на просторот има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал, а зачуван е и еден довратник од мермер. Според исказите на жителите, одовде потекнува камената пластика (делови од мермерен саркофаг, мермерен столб и др.) што се наоѓа кај манастирот.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Грамаѓе - населба од среден век;
- Крстоар;
- Список на археолошки локалитети во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |