Во Селото (Лопатица)
Во Селото — археолошко наоѓалиште во битолското село Лопатица. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа на околу 100 м јужно од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде во 1957 година биле откриени мермерни блокови кои сега се наоѓаат во дворот на месна жителка, и тоа дел од столб, база и стела. Еден мермерен столб е сместен во дворот на црквата. Според исказите на жителите, овде бил откриен дел од објект со сводеста конструкција, граден од четвртести тули поврзани со варов малтер.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Коритница — некропола од римско време;
- Долни Леоник — црква од средниот век;
- Калуѓери — — црква од средниот век;
- Ограда — населба од доцноантичко време;
- Лопатица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |