Тумба (Оптичари)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба

Карта

Местоположба 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083Координати: 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° СГШ; 21.42083° ИГД / 40.98611; 21.42083
Основни податоци
Место Оптичари
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото и 7 км источно од патот Битола-Лерин, како и на околу 1,5 км западно од коритото на Црна Река. Во основата има пречник од 240 × 240 м и зачувана височина од 4,5 м. Во 1988 година е вршено сондажно ископување при што е утврдена повеќеслојна населба од времето на раниот и средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Откриен е голем број подвижни предмети, и тоа: фрагменти од керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678