Црква „Св. Преображение“ - Гопеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свето Преображение
Црква Св.Богородица,Гопеш.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Прва ресенска
Местоположба
Координати 41°7′15″N 21°7′33″E / 41.12083° СГШ; 21.12583° ИГД / 41.12083; 21.12583Координати: 41°7′15″N 21°7′33″E / 41.12083° СГШ; 21.12583° ИГД / 41.12083; 21.12583
Населено место Гопеш
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Преображение Христово
Изградба 1871
Завршено 1878
Живопис XIX век
Зограф Јосиф Радев
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свето Преображение (позната и како Свети Сотир) — главна селска црква во битолското село Гопеш, која се наоѓа во самото село.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на камбанаријата, конаците и црквата

Пари за црквата се собирале од секаде каде што имало гопешани. Најревносен бил попот Наум, кој од Романија и Украина се вратил со две торби полни со наполеони, но Турците го уапсиле мислејќи дека со парите ќе купува оружје за комитите. Цело село застанало во одбрана на попот, по што битолскиот валија го пуштил. Тогаш биле удрени темелите на црквата „Свето Преображение Христово“, позната и како „Св. Сотир“, оти двата празника се празнуваат во ист ден – на 19 август.[2]

Според записот од фасадата на црквата, тоа било сторено на 28 април 1871 година, а ја градел мајстор Kоста од кичевско село Цер. Со работна рака помагале сите жители. А бидејќи немало соодветен материјал во близина, три илјади луѓе направиле повеќекилометарски жив синџир до месноста наречена Дванаесет Kладенци и го пренеле потребниот камен предавајќи го од рака на рака.[2]

Кражба во 2013 г.[уреди | уреди извор]

Организирана група разбојници ја ограбиле црквата во текот на 2017 година и однеле 50 вредни икони, кои потекнуваат од крајот на XIX век. Крадците влегле од задната страна на црквата, каде скршиле прозорец, а потоа ја пробиле и внатрешната врата.[3] Иконите не се пронајдени до денешен ден.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е ѕидана со камен, со уникатност во обработката на материјалот и украсување со плитки релјефни облици на самата површина.[4]

На црквата се изградени три куполи, кои се на силен удар на временските непогоди.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот е дело на Јосиф Радев, ученик на познатиот Дичо Зограф. Црквата била украсена со 90 икони и фрески, кои биле сликани 26 години.[4]

Санација[уреди | уреди извор]

Во текот на 2017 година, Заводот и музеј од Битола спроведувала санација на куполата и ѕидното сликарство на куполата во црквата. Куполата е на висина од 16 до 18 метри. Освен врз куполата, имало интеревенции и кон јужниот ѕид на црквата, кој се оштетува поради лизгање на земјиштето.[5]

Сепак, состојбата на црквата не била подобрена и на крајот на 2017 година, сѐ уште постоело накривување на јужниот ѕид, оштетувања на куполите, како и одвојување на фрескоживописот од полукружниот свод.[4] Особено алармантна е состојбата со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар.[4]

Последниве две години државата издвоила околу 400.000 денари за санација на црквата, но за целосна обнова потребни се огромни средства.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Артефакти изложени во тремот на црквата

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 „Пророштвото од 19 век го претскажа опустошувањето на селото Гопеш“. Матица на иселеници. конс. 30 ноември 2017. 
  3. Шијакова, Анета (5 октомври 2013). „Украдени над 50 вредни икони од црквата во село Гопеш“. Канал 5 Телевизија. конс. 30 ноември 2017. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Здравковска, Ж. (19 февруари 2017). „Се распаѓа црквата во Гопеш, стара 145 години“. Сакам да кажам. конс. 30 ноември 2017. 
  5. „Се санира куполата на црквата „Свето Преображение“ во битолското село Гопеш“. 14 февруари 2017. конс. 30 ноември 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]