Грамадиште (Српци)
Грамадиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Српци. Претставува населба од римско време. Се наоѓао во Цапарско Поле, кое се наоѓа на 1 км јужно од селото, каде се откриени остатоци од светилиште посветено на Фортуна Серапис. Со сондажните истражувања во 1971 година се откриени бронзени статуети на Серапис, Фортуна, Изида Фортуна и Херакле и монети. Во дворот на месен жител од оваа месност се чуваат повеќе мермерни сполии, меѓу кои и една мермерна ара со старогрчки натпис, прилично оштетена. Можеби овој наоѓалиштето е античкиот град Микеја — станица на патот Вија Егнација. Наодите се чуваат во селото и во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
|