Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8
| Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8 | |
|---|---|
Поглед на зградата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | црковен имот |
| Град | Битола |
| Земја | |
| Завршена | 1903 |
| Технички податоци | |
| Катови | 2 |
Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведена како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8 под реден број 9 во Битола.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на улица Славко Лумбарко бр.8, на раскрсницата со „Кирил и Методиј“.[2] До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 .
Историја
[уреди | уреди извор]Изграден во 1903 година како сопственост на „Свети Димитрија“, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот веднаш му бил даден под закуп на Грчкиот конзулат во градот.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Објектот е под влијание на архитектонските стилови кои доминирале во Западна Европа кон крајот на 19 век и има елементи на барокна и неокласична декорација. Главната фасада со големи скалила и два балкона дава монументален поглед на локацијата. Фасадата е богато украсена со столбови во дорски ред на скалите и балконскиот дел, балустрадата на балконите, огради со керамичка декорација, лента со брановидна линија, пластично обликувана под венецот.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 31 март 2022.
- 1 2 3 4 „Грчки Конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 27 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=(help)
