Исток I (Оптичари)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исток I
археолошко наоѓалиште
Исток I is located in Македонија
Исток I
Местоположба на Исток I во Македонија
Местоположба 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° N; 21.42083° E / 40.98611; 21.42083Координати: 40°59′10″N 21°25′15″E / 40.98611° N; 21.42083° E / 40.98611; 21.42083
Основни податоци
Место Оптичари
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Исток Iархеолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. Во близина на веќе истражениот локалитет „Тумба“ се пронајдeни уште две нови помали [[тумби кои поради своите позиции најверојатно претставуваат дел од една населба. Тие се наоѓаат на 3 km источно од „Тумба“, а лоцирани се веднаш една до друга. Иако можат да се констатираат две засебни помали тумби, сепак набљудувани од страна тие функционираат како еден локалитет. Единствено преку идни истражувања би можело да се утврди дали тие биле активни во исто време или пак едната била основана подоцна и постепено странично се напластила врз постарата тумба. Во секој случај, и за двете тумби се земени независни коти, иако е пресметана вкупната површина што тие заедно ја зафаќаат. Во источниот дел, едната од нив е пресечена од канал за наводнување, така што пресметената зафатнина не ја дава целосната слика за вкупната површина. Што се однесува до археолошкиот материјал, се забележува присуство на предисториска и античка керамика. Дел од овој материјал има истакнато груба и невообичаена фактура со мноштво примеси на калцити, па не може да се утврди дали керамиката е неолитска, бронзенодобна или пак средновековна[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • На Тумба — населба од неолитско време;
  • Трн Тумба — населба од неолитско време;
  • Тумба — населба од неолитско време;
  • Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период;
  • Југ I — населба од неолитско време;
  • Југ II — населба од неолитско време;
  • Југ III — населба од неолитско време;
  • Исток I — населба од неолитско време;
  • Исток II — населба од неолитско време;

Наводи[уреди | уреди извор]