Полигон (Поешево)
Полигон — археолошко наоѓалиште во битолското село Поешево. Ноаѓалиштето претставува населба од неолитско време. На околу 800m југоисточно од селото е присутна уште една помала тумба која е делумно оштетена од каналот за наводнување, далноводите и нивите.
Оваа тумба се наоѓа на 800 м источно од „Тумба-Исток 2“. Заради густата вегетација таа може да се забележи само од патот Поешево-Битола. Врз неа е изградена барака која делумно го има оштетено наоѓалиштето, како и каналот за наводнување што ја пресекува јужната периферија на тумбата.
На површината се забележуваат фрагменти од рецентна и античка керамика, а некои наоди можат да се окарактиризираат и како средновековни.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Тумба в Село — населба од бронзено време;
- Бачилиште — неопределно, непознат период;
- Исток 1 — населба од неолитско време;
- Исток 2 — населба од неолитско време;
- Полигон — населба од неолитско време;
- Поешево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |