Бара Тумба (Породин)
Бара Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Породин. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во рамното поле, на околу 1,8 км источно од селото, а на околу 800 м западно од современиот пат Битола-Лерин. По обликот и димензиите е слична на многубројните тумби во Пелагонија. Со интензивното обработување на земјата, а уште повеќе со изградбата на каналот за наводнување и со трасирањето на селскиот пат, тумбата е значително оштетена. Така, денес таа е сосема рамна и малку се издвојува од околниот терен. Во 1978 и 1979 година се извршени заштитни ископувања при што се пронајдени два хоризонта на живеење. Постариот хоризонт му припаѓа на средниот неолит, а помладиот на доцниот неолит и преминот во бакарното време. Од откриениот материјал најмногубројни се керамичките садови и орудијата од камен и кремен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Дупки — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Школо — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Породин;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |