Прејди на содржината

Прогон (Букри)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прогон

Карта

Местоположба 40°56′51″N 21°30′21″E / 40.94750°N 21.50583°E / 40.94750; 21.50583
Основни податоци
МестоБукри
ОпштинаБитола
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Прогонархеолошко наоѓалиште во битолското историско село Букри. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 200 м северозападно од селото, на гребен издолжен во правец североисток-југозапад, каде трактористите од ЗИК „Пелагонија“, уште во далечната 1953 година, со орање откриле гробови градени од камени плочи - тип циста и во нив голем број керамички садови, како и еден шлем од бронза. Во 1954 година Народниот музеј од Битола извршил заштитни ископувања.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069