Сакојци (Долно Оризари)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Сакојци — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари.
Претставува населба од неолитско време . Ова наоѓалиште се наоѓа на 1,3 км источно од Долно Оризари и претставува мало издигнување кое можеби некогаш било дел од тумба. И на него се вршат константно земјоделски активности што веројатно придонело за неговата сегашна состојба. Ниската тумба е оштетена од патот кој води кон Драгор, но и од меѓата со густа вегетација на нејзината јужна страна. Од тие причини не можело да се определи нејзината точна форма, ниту пак да се измери нејзината зафатнина. На површината доминира рецентна керамика, но во многу помала мера се забележуваат и фрагменти кои можат да се окаректиризираат како антички и предисториски.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Герамидница (Долно Оризари) —населба од бронзено и доцноантичко време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Север I — населба од неолит и бакарно време;
- Север II — населба од неолит и бакарно време;
- Домус Поле I — населба од средниот век;
- Сакојци — населба од неолитско време;
- Долно Оризари
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |