Мулојца (Кравари)
Мулојца — археолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско време . Веднаш до „Тумба“, на 100m северозападно од неа, се наоѓа друг предисториско наоѓалиште со сличен облик и висина. Тој не е оштетен, освен делумно на врвот, кадешто се врши константна обработка на нивите.
На него е присутно големо количество на керамика од бронзено време, но и таква која може да се окарактиризира како рецентна. Со оглед на материјалот од површинските слоеви, може да се смета дека ова наоѓалиште е помлад од „Тумба“ и веројатно бил подигнат подоцна. Засега останува нејасно дали тој содржи и неолитски слоеви, што е вообичаено обележје за енеолитските и бронзенодобните тумби во Пелагонија.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Старо Село — населба од неолитско, бакарно и бронзено време;
- Тумба — населба од неолитско време;
- Жеждево — населба од доцноантичко време;
- Црна Земја — населба од доцноантичко време;
- Тумба II — населба од неолитско време;
- Мулојца — населба од неолитско време;
- Рамно — населба од неолитско време;
- Кравари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |