Старо Село (Кравари)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карта

Местоположба 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.98306; 21.36667Координати: 40°58′59″N 21°22′0″E / 40.98306° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.98306; 21.36667
Основни податоци
Место Кравари
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период неолитско време
бакарно време
бронзено време
Портал „Археологија“

Старо Селоархеолошко наоѓалиште во битолското село Кравари. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време. Се наоѓа на околу 800 м источно од центарот на селото, а лево од современиот пат Битола-Лерин. Има развлечена неправилна кружна основа и височина до 2 м. Во поново време во центарот на тумбата е подигната црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со гробиштата околу неа. На источниот крај е пресечена со железничката пруга Битола-Лерин. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а најдени се калап од камен за леење на секири и секира од бакар со едно сечило. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069