Висок Рид (Букри)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Висок Рид
Висок Рид се наоѓа во местоположба во рамките на Македонија
Висок Рид
Висок Рид
(местоположба во рамките на Македонија)
Местоположба 40°56′51″ СГШ 21°30′21″ ИГД / 
Основни податоци
Име Висок Рид
Место Букри
Општина Битола
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период енеолитско време
бронзено време
раноантичко време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Висок Рид — археолошки локалитет во битолското историско село Букри. Локалитетот претставува населба од енеолитско , бронзено и раноантичко време. Се наоѓа на околу 600 m од јужната страна на селото, на десниот брег на Црна Река, каде има тумба со пречник во основата од 70 m и височина од 3 m. Поголем дел од источната половина на тумбата е оштетен со ерозија од реката. Во 1980 година е извршено сондажно ископување при што во културниот слој се утврдени две фази на живеење, како и неколку нивни интерни потфази, проследени со многубројни фрагменти од керамички садови и орудија од камен, кремен и коска. Постарата е енеолитска, а помладата од бронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Во најновите истражувања откриени се културни слоеви од раната антика и се смета дека тука се наоѓа древниот македонски град Линк, кој бил родното место на Евридика, мајката на големиот војсководец Филип II Македонски, а односно баба на Александар Македонски. Овој град постоел од 6 до 2 век пред нашата ера. Во 1954 година археологот Олга Дурацу од Битола ископала грнчарија од црно и црвено фигурално сликарство од 5 и 6 век пред нашата ера. Тука е пронајдена и ваза бел лекит, која му припаѓала на народот од Атина. Овие наоди денес се чуваат во битолскиот Завод и музеј. Според бугарскиот археолог Васил Лахтов, за време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, криејќи се по рововите, војници пронашле археолошки надои кои потоа биле однесени надвор од земјава, а до денес не се знае точно каде.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]