Велесело
Велесело — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во подножјето на Селечка Планина, југоисточно од Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велесело живееле 110 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велесело имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002, селото брои само 4 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110[1] | 128[2] | 90 | 117 | 131 | 81 | 30 | 12 | 8 | 4 |
Родови[уреди | уреди извор]
Велесело е македонско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Караџовци (4 к.), Амбаровци (1 к.), Велковци (1 к.) и Дултевци (1 к.)
- Доселеници: Ќутевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој се доселил од селото Тепавци во XIX век. Таму имаат роднини, подалечно потекло од некое село во околината на Корча во Албанија; Кочовци (2 к.) и Петковци (2 к.) родовите ги основале доселеници од селото Тепавци, и нивното подалечно потекло е од околината на Корча во Албанија; Рибицовци (1 к.) доселени се од селото Полог.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 172 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Брод.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 62 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Родовите Мојановци и Враговци се иселиле во селото Брод. Даскале се иселиле во Бач. Стојковци и Беџовци се иселиле во Долно Егри. Димуловци во Средно Егри. Трајковци во Орехово.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|