Гермијан
Гермијан | |
Координати 40°55′0″N 21°31′59″E / 40.91667° СГШ; 21.53306° ИГД | |
Општина | Новаци |
Население | 195 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02022 |
Надм. вис. | 637 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Гермијан на општинската карта Атарот на Гермијан во рамките на општината | |
Гермијан на Ризницата |
Гермијан — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, во непосредна близина на границата со Грција.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Леринската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гермијан живееле 1.300 жители, сите Турци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
Гермијан е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 555 жители, а во 1994 година 286 жители, од кои 283 биле Македонци и само тројца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото брои 257 жители, од кои 251 Maкедонец, 5 Срби и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 195 жители, од кои 182 Македонци, 1 Србин, 2 останати и 10 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 482 |
1953 | 362 | — | 185 | — | — | 47 | ... | 7 | — | 601 |
1961 | 497 | 2 | 8 | ... | ... | 46 | ... | 2 | — | 555 |
1971 | 518 | — | — | — | ... | 21 | ... | 2 | — | 541 |
1981 | 409 | — | — | — | — | 15 | ... | 2 | — | 424 |
1991 | 392 | — | — | — | — | 9 | ... | 3 | — | 404 |
1994 | 283 | — | — | — | — | 3 | ... | — | — | 286 |
2002 | 251 | — | — | — | — | 5 | — | 1 | — | 257 |
2021 | 182 | — | — | — | — | 1 | — | 2 | 10 | 195 |
Родови
[уреди | уреди извор]Гермијан е македонско православно село, поголемиот број родови се македонски, но има и два српски рода.
Според истражувањата од 1953 година родови во селото биле:
Македонски родови:
- Доселеници: Лавровци (6 к.), Гацовци (5 к.), Деловци (3 к.) и Матејевци (2 к.) доселени се 1920 и 1924 година од селото Совиќ, подалечно потекло на Лавровци е од Груништа во Мариово. И останатите родови се доселени однекаде; Котевци (1 к.) доселени се од Бач после 1918 година; Кара Коле (1 к.) потекнуваат од старите македонски родови кои живееле во Гермијан, па се иселиле во Асаново, Леринско кога дошле Турците во Гермијан, а во 1927 година се вратиле назад; Филиповци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Пополжани; Музуровци (2 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Сетина; Љамевци (3 к.) доселени се после 1918 година од селото Полог; Глувчевци (4 к.) и Русевци (2 к.) доселени се после 1928 година од леринското село Пополжани; Митревци (2 к.) доселени се после 1927 година од селото Живојно; Ешкелија (1 к.) доселени се 1927 година од леринското село Екши Су (Горно Врбени); Рамаличани (2 к.) доселени се 1927 година од леринското село Рахманли; Петковци (1 к.) доселени се во 1927 година од леринското село Крушоради; Ицовци (1 к.) и Шилевци (1 к.) доселени се 1942 и 1944 година од охридското село Опеница; Гичевци (4 к.) и Карамеше (1 к.) од селото Бач во 1942 година, во Бач биле староседелци; Гавриловци (1 к.) доселени се во 1941 година од леринското село Овчарани.
Во минатото во селото имало и Турци.
Турски родови биле:
- Доселеници: Умеркалар (1 к.), Ѓор-Мусалар (1 к.), Широколар (3 к.), Зијат (1 к.), Фазлиовци (2 к.), Рамушалар (3 к.), Расим-Ќемал (2 к.), Гегелар (3 к.), Голманлар (2 к,), Насуфлар (3 к.), Машковци (3 к.), Далип (1 к.), Кушлин (1 к.) и Абазовци (2 к.). Родовите Фазлиовци, Рамушалар, Расим-Ќемал и Абазовци се доселиле од Живојно, во периодот од 1912 до 1949 година. Сите турски родови се доселени од Мала Азија, Коња вилајет во XVIII век. А пред да дојдат во Гермијан живееле во селото Коњарка, кое постоело во Мариово.
Српски родови:
- Доселеници: Николиќи (3 к.) и Петровиќи (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Петровци кај Пирот.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 171 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 238 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[11]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква, изградена во 1860 година
- Црква „Св. Климент Охридски и Пресвета Богородица“
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Стари македонски иселеници од ова село има во леринското село Асаново. После 1912 година од селото се иселил значаен број од турското население. Сосема се иселиле родовите. Балколар, Јусуфлар, Имер Оџалар, Аџи Оџалар, Токмаклар, Пусталар, Идризоски, Коџа Ѓеролар, Коџа Беколар, Карач Колар и Усеин Оџалар. Турското население се иселило во Турција и Битола. Останатите турски семејства се иселиле после 1953 година. Во 1941 година бугарските власти иселиле осум српски колонистички семејства од селото.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.250
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ 8,0 8,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|