Маково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маково
Маково is located in Македонија
Маково
Местоположба на Маково во Македонија
Координати 41°7′6″N 21°36′33″E / 41.11833° N; 21.60917° E / 41.11833; 21.60917Координати: 41°7′6″N 21°36′33″E / 41.11833° N; 21.60917° E / 41.11833; 21.60917
Регион Мариово
Општина Општина Новаци
Население 71 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 02074
Надм. вис. 693 м
Маково на општинската карта
Маково во Општина Новаци.svg

Атарот на Маково во рамките на општината

Маково — село во областа Мариово, во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на источните падини на Селечка Планина, во областа Мариово. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. До него денес е изграден добар асфалтен пат, а од градот Битола селото е оддалечено 29 километри, како и 14 километри од Новаци. Атарот зафаќа простор од 26,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.409 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 954 ха, а на шумите 185 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Маково било средно по големина село, но по пат на емиграција преминало во мала населба. Храмот Собор на Св. Архангел Михаил е изграден во 1860 г.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Прилепската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Маково живееле 286 жители, од кои 280 Македонци и 6 Роми.[1]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Маково имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]

Во 1961 година Маково има 515 жители, додека во 1994 година живеат само 98 жители.

Според последниот попис од 2002 година, селото Маково има 71 жител, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 286[1] 320[2] 409 455 515 390 319 114 98 71

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 179 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија. Во ова изборно место е опфатено и селото Орел.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 64 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[7]
Археолошки наоѓалишта[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Пешко Младенов — војвода на МРО

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 245.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]