Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково
Света Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°07′05.8″N 21°36′26.6″E / 41.118278°N 21.607389°E |
| Место | Маково |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Завршено | 1860 1926 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во западниот дел на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот бил изграден во 1860 година, но бил срушен за време на Првата светска војна, по што бил повторно обновен во 1926 година. Последен пат бил реновиран во 1997 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е претставен Архангел Михаил. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди, а апсидата е покриена со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата се издига над оградата од дворот, непосредно од десната стрнаа на влезната порта. Таа е со квадратна основа и на секоја страна во нејзиниот горен дел има по еден правоаголен прозорец со решетки. Изградена е од камен и е покриена со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Северната страна на црквата
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
- Црквата (лево) и камбанаријата (десно)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Маково Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил“ - Маково на Ризницата ?


