Мегленци
Мегленци — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Мегленци е ридско село расположено на 781 метри надморска височина. Селото се наоѓа во источниот дел на Битолското поле, недалеку од новиот пат Новаци - Маково, а од градот Битола е оддалечено 22 километри.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Прилепската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мегленци живееле 354 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мегленци имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002, Мегленци — село во фаза на наполно раселување и брои 20 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 354[1] | 144[2] | 263 | 311 | 320 | 233 | 214 | 46 | 43 | 20 |
Родови[уреди | уреди извор]
Мегленци е македонско село.
Според истражувањата од 1956 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пејчевци (9 к.), Мошевци (7 к.), Белевци (4 к.), Чолаковци (3 к.) и Шалевци (2 к.);
- Доселеници: Крушковци (5 к.) доселени се однекаде; Главновци (3 к.) доселени се од Арматуш; Нечовци (5 к.) многу скитале, овде се доселени од Биљаник; Златевци (1 к.) деленици се од родот Поповци во Црничани.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 167 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатени и селота Арматуш и Суводол.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 62 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници има во Паралово (Коруновци и Симоновци), Новаци (Гламновци), Долно Оризари (Саздо), Врањевци (Магленчани). Од родот Шалевци има иселеници во Биљаник. До 1956 година четири семејства се иселиле во Битола.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|