Црква „Св. Никола“ - Мегленци
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°04′51.2″N 21°31′36.9″E / 41.080889°N 21.526917°E |
| Место | Мегленци |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Завршено | 1880 1926 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од левата страна на патот.
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот бил изграден во 1880, по што била срушен во 1918, а бил обновен со името „Св. Воскресение“ во 1926 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со осумаголна купола којашто има по една монофора на секоја страна и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е насликан Свети Никола, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е граден од камен, а горниот од бетонски тули. На секоја страна во горниот дел има по една отворена монофора. Камбанаријата е покриена со лимен пирамидален кров.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Нишата над главниот влез
- Споредниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Источната страна на камбанаријата
- Црквата (лево) со камбанаријата (десно)
- Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Мегленци Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Мегленци на Ризницата ?


