Суводол (Битолско)
Суводол — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во западните падини на Селечка Планина, оддалечено 20 километри источно од градот Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
После Илинденското востание, на почетокот на 1904 година целото село потпаѓа под водството на Бугарската егзархија.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Суводол живееле 350 жители, од кои 300 Македонци и 50 Албанци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Суводол имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година во селото имало само 2 жители, Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350[1] | 176[2] | 407 | 496 | 550 | 479 | 430 | 231 | 17 | 2 |
Родови[уреди | уреди извор]
Суводол е македонско православно село, кое е пред целосно изумирање. Според истражувањата од 1956 година, родови се:
- Староседелци: Најдовци (11 куќи), Митревци (6 куќи), Ѓоргијовци (4 куќи), Џемаиловци (4 куќи) и Корајци (4 куќи)
- Доселеници: Маргерци (13 куќи) доселени се од селото Грнчари, Преспа. Го знаат следното родословие: Цане (жив на 31 г. во 1951 година) Петре-Стојче-Марко-Трајче-Петко-Марге, кој се доселил во селото; Ѓорговци (6 куќи) и Пројчевци (4 куќи) доселени се однекаде; Трајковци (6 куќи), Џебовци (5 куќи) и Пројчевци (4 куќи) порано чинеле еден род, доселени се од Агларци ( најверојатно Горно Агларци); Поповци (4 куќи) доселени се во XIX век од селото Паралово, таму се доселени од Грнчари, Преспа.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 167 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Мегленци. Во изборното место се опфатени населените места: Суводол, Арматуш и Мегленци.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 62 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[8]
- Црква „Св. Никола“ — манастирска црква;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Бројанец — црква од старохристијанско време;
- Бртви — населба од доцноантичко време;
- Дибек — гробница од хеленистичко време;
- Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Ѓорчева Воденица — населба од римско време;
- Манастирец — базилика од старохристијанско време;
- Тумба — населба од бронзено време;
- Туриграв — населба од доцноантичко време;
- Ума — населба од доцноантичко време;
- Шуплевец — населба од бакарно време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Пецо Суводолчето, револуционер, четник кај Иван Димов Пашата[10][11]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници има во селата Ношпал (Цветковци), Добромири (Мајсторовци), Породин (Најдовци), Кравари (Китановци) и во Новаци (Суводолци).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 129.
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.78
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|