Буковски Ливади
Буковски Ливади — населба која се наоѓа на јужниот влез на градот Битола, покрај патот кој води до грчката граница. Населбата се наоѓа веднаш под селото Буково, од каде што доаѓа и нејзиното име. Со изградба се започнало во доцните седумдесетти и раните осумдесетти години. Населбата се наоѓа во непосредна близина на археолошкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис и зоолошката градина.
Градби
[уреди | уреди извор]Во населбата се наоѓа црквата „Св. Троица“, која е воедно и парохиски храм на Буковската парохија.[1]
Улици
[уреди | уреди извор]Улици во оваа населба:
— Апостол Здравевски
— Ѓорѓи Зековски
— Кочо Доловски
— Паца Мирчева
— Митре Врчковски
— Кумровец
— Крстин Чулаковски-Кичо
— Панде Илковски
— 4-та
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
|