Ремо — населба во Битола. Оваа населба е прилично нова во градот и тука се изградени само згради, од Ремо I до Ремо VIII. Населбата се наоѓа на прометно место на улицата „Васко Карангелевски“. На запад се граничи со Брусничка населба, на исток со населбата Маџармаале и на север со Довлеџик. Веднаш до зградите се наоѓа супермаркетот „Веро“. Од другата страна на населбата се наоѓа и OУ „Елпида Караманди“. Улици во оваа населба се:
Васко Карангелевски
Игњат Атанасовски
ЈНА (дел)
Исто така во близина на зградите кои потекнуваат од населбата Ремо се наоѓа Градското реонско пазариште изградено во 2006 година, кое располага со дуќани и 40-тина тезги со зеленчук и овошје.