Јени Маале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јени Маале — најстарата населба во Битола, на источната страна на градот. Се простира меѓу населбите Мал Париз на исток и Бела Чешма на запад. Населението во Јени маало е познато по фамилијарните прекари: Балтовци, Дивите, Пиздевци, Тотоловци, Чавкаровци, Пајовци, Прзовци, Пајкаровци, Пустовци, Чекутковци, Пачаровци, Кузевци, Деребановци, Деветлепешки, Параманци, Деветтантерии, Полежиновци, Мечевци, Мекашовци, Димитровци и многу други. Зборот јени (турски: yeni) значи ново, а маало (турски: mahaale) значи улица, или во овој случај неколку улици. Јени Маале било формирано од турската администрација на градот за да ги собере сите христијански семејства кои дошле во градот од други места. Исто така, тука се наоѓа железничкиот патен правец кој ја поврзува Битола со Скопје. Тие по традиција биле занаетчии. Во Јени Маало од турско време па сѐ до ден денес постои сред село[1].Горното сред село е во близина на мостот Сали, додека пак долното е во центарот на Јени Маале[2]. Улици во оваа населба се:

  • Бегова Чешма
  • Браќа Миладинови
  • Браќа Мингови
  • Брегалничка
  • Вера Циривири
  • Гоце Делчев
  • Даме Груев
  • Димо Хаџи Димов
  • Донка Ушлинова
  • Ѓорче Петров
  • Караџова
  • Коста Абрашевиќ
  • Матија Губец
  • Методи Патчев
  • Моша Пијаде
  • Паралово
  • Булевар 1 мај
  • Пере Тошев
  • Сараевска
  • Цветан Димов
  • Црвени Стени
  • Штипска

Основно училиште во Јени Маале е Даме Груев.

Градинка е Пролет.


Наводи[уреди | уреди извор]