Бела Чешма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бела Чешма е населба во Битола која се простира од улицата „Прилепска“ сѐ до населбата Ушици. Таму се наоѓа и "Пелагонка 1", зградите "Три убавици", како и ОУ Даме Груев. Во нејзините рамки попознати знаменитости се џамијата Ајдар Кади, старите турски гробишта, еврејските гробишта, старата синагога и еврејската гимназија кои денеска не постојат. Бела Чешма всушност претставува дел од некогашното Eврејско маало. Со депортирањето на битолските Евреи во Треблинка, фашистичките сили на Бугарија ги урнале скоро сите еврејски обележја во градот. Оние објекти кои останале, биле уништени за време на СФРЈ. На местото на главната синагога и еврејската гимназија денес стојат станбени згради.