Прејди на содржината

Баир (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Населбата Баир претставува една од најголемите населби во Битола. Се простира од ул. „Девејани“ и Црн Мост на запад, ул. „Илинденска“ на југ, сè до почеток на населбата Ушици, во дел од ОУ „Тодор Ангелевски“ на исток. Во оваа населба се вклучени над 30 улици, тука има и две основни училишта: ОУ „Ѓорги Сугарев“ и ЦОУ „Тодор Ангелевски“. Се проценува дека бројот на населението изнесува 5.500 од кои најбројни се Македонците и Ромите (кои живеат претежно на улиците „Козјак“ и „Караорман“). Исто така, тука се наоѓа стариот патен правец кој ја поврзува Битола со Прилеп на север и Ресен и Охрид на запад, легендарниот крај Кркардаш со манастирите Св 40 маченици и Св Архангел Михаил, едно од најстарите дрвја во Битола, „Чинарот[1], како и старите турски бањи.

Улици во населба Баир:

  • Бихаќ
  • Борис Стрезов
  • Букова Шума
  • Ваташа
  • Дебарска
  • Димитар Влахов
  • Драгорска
  • Ѓорги Сугарев
  • Иван Цанкар
  • Илинденска (дел)
  • Истра
  • Јаинци

  • Јајце
  • Јане Сандански
  • Јордан Пиперката
  • Караорман
  • Козјак
  • Кордун
  • Кузман Шапкарев
  • Љубојно
  • Мачва
  • Мирче Ацев
  • Мукос
  • Неготинска

  • Петар Делјан
  • Поречка
  • Работничка
  • Риечка
  • Смилевска
  • Струшка
  • Сутјеска
  • 101-ва
  • 102-ра
  • 103-та
  • Титово Ужице

  • Христијан Карпош
  • Широка

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Жанета Здравковска (2011-05-08). „ЏИНОВСКО ДРВО СО ПЕТ И ПОЛВЕКОВНА ИСТОРИЈА: Чинарот го посадила затвореничка“. Дневник. Посетено на 2013-01-14.[мртва врска]