Недопирливи (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Недопирливи — населба во јужното градско подрачје на Битола. Таа се протега низ областа од Градската болница до поранешната касарна. Во оваа населба денес се наоѓа Студенскиот дом „Кочо Рацин“, а порано на тоа место се наоѓала ТБЦ болницата. Од оваа населба има патишта кои водат до селата Лавци и Смолево. Улици во оваа населба се:

  • Дванаесет Кладенци
  • Милтон Манаки
  • Петнаесетти Корпус
  • Пецо Божиновски (дел)
  • Сотир Брбевски
  • Стале Попов
  • Стрчин (дел)
  • Студентска (дел)

Името го добила по истоимената американска ТВ серија од 1959 година и подоцнежниот филм од 1987 година.