Прејди на содржината

Буковска парохија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Буковска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Троица“ во битолската населба Буковски Ливади. Парохиски свештеник е протоереј Цветко Тасески.[1]

Парохијата ги опфаќа населбата Буковски Ливади и селата Буково и Орехово.

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Троица“ Буковски Ливади
Црква „Св. Петка“ Орехово 1861
Црква „Св. Димитриј“ Буково XIX век
Црква „Св. Преображение“ Буково
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ Буково
Црква „Св. Атанасиј“ Буково
Црква „Вознесение Христово“ Буково
Црква „Св. Архангел Михаил“ Буково

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Буковска парохија | Преспанско - Пелагониска Православна Епархија“. Посетено на 2019-03-16.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]