Црква „Св. Димитриј“ - Буково
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Буковска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 40°59′37″N 21°19′54″E / 40.99361°N 21.33167°E |
| Место | Буково |
| Општина | Битола |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитар |
| Изградба | XIX век |
| Завршено | 1882 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Буково, Македонија.[1]
Црквата претставува парохиско седиште на Буковската парохија.[2][3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е средишниот храм на селото, сместен во непосредна близина на основното училиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1882 година на местото на руини од стара црква.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата претставува трикорабна базилика, архитектонски тип популарен по 1830-тите години. На источната страна има тристрана апсида, а на запад се издига црковната камбанарија. По должината на јужната фасада има припрата со помошни простории. Внатрешноста на градбата е поделена со два реда од по четири столбови, кои во горниот дел се лачно поврзани. На запад со ниска преграда издвоен е наосот од нартексот. Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.[3]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата зачувани се украси од постара црква, мала колекција на икони и царски двери од четвртото десетлетие на XVII век. На царските двери има старословенски натпис „Благовѣщенїі Богородице“.[2] Царските двери веројатно се од стар иконостас од соседниот Буковски манастир или некоја постара црква во селото.[5] Меѓу иконите од XVII век има две престолни. На едната, на Свети Меркуриј, има словенски натпис ЗРМД (1635/1636). Другата е на Свети Архангел Михаил која иконографски и стилски е слична со иконата од Слепченскиот манастир, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.[5] Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската уметничка школа.[6]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Ѕидно сликарство постои во полукружните конхи од централната апсида и во протезисот. Според стилските одлики ѕидното сликарство соодвествува со еден дел од иконите на иконостасот кои се датирани кон крајот на XIX век. Иконостасот во црквата е конструиран со два реда на икони и според испишаните натписи врз нив, тие се изработени во текот на 1895, 1896 и 1907 година. Од истиот зограф најверојатно се насликани и иконите на амвонот, на еден од северните столбови од наосот.[3]
- Детаљ од царските двери, околу 1635 година
- Икона на Архангел Михаил, II половина на XVII век
- Царските двери во црквата, околу 1635 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Западната страна
- Камбанаријата
- Влезот во припратата
- Годината 1895 испишана на ѕид на црквата
- Црковниот двор
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Празна ниша над споредниот влез
- Споредниот влез
- Влезот во камбанаријата
- Апсидата
- Базен за верски обреди
- Влезната порта
- Помошниот објект
- Дворот со црквата
- Камбанаријата
- Поглед на влезот
- Камбанаријата со училиштето во позадина
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 159.
- 1 2 3 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 41. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-09.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 219. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 160.
- ↑ Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 163–164.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Буково на Ризницата ?


