Орле
Орле — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. .
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, оддалечено 34 километри североисточно од Битола. Сместено е на падините на Селечка Планина, на надморска височина од 830 метри, и се смета за ридско село. Атарот зафаќа простор од 9,8 км2. На него пасиштата заземаат површина од 593 ха, a на обработливото земјиште отпаѓаат 220 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Населбата е мала, во фаза на раселување. Празник на селото е Велигден, во него се наоѓа храмот Св. Недела (1860 год)
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век Орле е дел од Прилепската каза во Отоманската Империја.
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Опеница живееле 102 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Опеница имало 80 Македонци, егзархисти.[2]
Според пописот од 2002 селото брои 16 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 102[1] | 80[2] | 189 | 224 | 226 | 206 | 87 | 40 | 26 | 16 |
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[5]
- Црква „Св. Недела“ - главната селска црква;
- Археолошки локалитети[6]
- Најденка - некропола од железното време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|