Црква „Св. Недела“ - Орле
Света Недела | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°08′52.8″N 21°36′37.3″E / 41.148000°N 21.610361°E |
| Место | Орле |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Недела |
| Завршено | 1860 2000 (обновена) |
| Архитектонски опис | |
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, на возвишение коешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот бил изграден во 1860 година, бил обновуван повеќе пати, а од темел бил изграден во нов облик во 2000 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена мала отворена припрата, а на ѕидот над влезната врата е насликана фреска којашто е во лоша состојба. Црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско црвено цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.
Внатрешноста на црквата не е зографисана, со исклучок на претставата на Исус Седржителот на сводот, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во бела боја со црвено цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Света Недела, Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус, Архангел Гаврил и Свети Јован Крстител. На иконите во горниот ред се претставени различни библиски мотиви, а на иконата над царските двери е претставена Тајната вечера.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Западната страна
- Западната и северната страна
- Јужната и источната страна
- Главниот влез
- Фреската над главниот влез
- Спорениот влез
- Апсидата
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Фреската на Исус Седржителот
- Камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Орле Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Недела“ - Орле на Ризницата ?


