Прејди на содржината

Врањевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врањевци
Врањевци во рамките на Македонија
Врањевци
Местоположба на Врањевци во Македонија
Врањевци на карта

Карта

Координати 41°2′22″N 21°29′24″E / 41.03944°N 21.49000°E / 41.03944; 21.49000
ОпштинаНоваци
Население во атар10 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО02020
Надм. вис.660 м
Врањевци на општинската карта

Атарот на Врањевци во рамките на општината
Врањевци на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Врањевци — поранешно село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото лежи во средишниот дел на Битолското Поле, на надморска височина од 660 метри, а од градот Битола е оддалечено 17 километри. Поради проширување на рудникот Суводол во 1961 година, селото било напуштено и денес е целосно раскопано и уништено.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врањевци живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Врањевци имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врановци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 24 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е целосно раселено, така според пописот од 2002 година во селото не се забележани жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 200 296 308 319 254 140 27 33 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Врањевци било чисто македонско село.

Родови во Врањевци биле: Ерговци (8 к.), Мушковци (2 к.), Јосифовци (2 к.), Пашовци (2 к.) и Шишковци (2 к.) за овие родови се вели дека се многу стари, возможно е да се староседелци; Шаторовци (6 к.), Ристевци (6 к.) и Шуплевци (3 к.) доселени се однекаде; Мегленчани (2 к.) доселени се од селото Мегленци во XIX век; Шкорлевци (2 к.) доселени се на крајот од XIX век од селото Арматуш.[12]

Археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]
  • Археолошки наоѓалишта[15]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-09.
  3. ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
  4. ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  6. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. ↑ „Црквата го тужи ЕСМ“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-01-31.
  14. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. ↑ „Откриени гробници од римско време“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2014-02-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]