Цане Здравковски
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Цане (Александар) Здравковски (2 јуни 1936 во Врањевци, Битолско — 16 август 2010 во Битола) — македонски раскажувач, романописец, критичар и драмски автор.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој бил доктор по филолошки науки. Работел во Педагошкиот завод во Скопје. Работниот век Александар Цане Здравковски го минал како професор во битолската гимназија и како самостоен педагошки советник во Педагошкиот завод при Министерството за образование во Скопје. Тој бил автор на 40 романи и на бројни трудови од областа на критиката и есеистиката. Тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.
Автор е на книгите:
- Дамка (роман, 1968),
- Откорнување (раскази, 1970),
- Синџир (роман, 1972),
- Драматичари (есеи и критики, 1973),
- Раскажувачи (критики, 1973),
- Големиот оган (критики, 1979),
- Дојденци на Хера (роман, 1980),
- Нарцисие (драма, 1983),
- Иван Точко (монографија, 1984),
- Огнено вишнеење (роман, 1984),
- Конзулски град (роман, 1987),
- Романот како опсесија (критики, 1987),
- Стела (роман, 1991),
- Лудиот пасторел (роман, 1992),
- Македонски романописци (критики, 1992),
- Ататурк пророк (роман, 1993),
- Романот во наставата (критики, 1993),
- Растежот на македонскиот роман (критики, 1994),
- Драмата во наставата (критики, 1994),
- Црно злато (роман, 1995),
- Дваесет романописци (критики, 1995),
- Расказот во наставата (критики, 1995),
- Тројниот меч (роман, 1996),
- Матурата (прирачник, 1996),
- Сонот на детето (поетски зборник, 1996),
- Аманет (роман, 1997),
- Методика на наставата по литература (1997),
- Жешки жени (роман, 1998),
- Сценски видувања (театарски критики, 1998),
- Народната литература во наставата (критики, 1998),
- Мост (роман, 1999),
- Професорот Диман (роман, 1999),
- Нарцисие (роман, 1999),
- Сребрена свадба (роман, 1999),
- Охридскиот лебед (роман, 1999),
- Матни води (раскази, 1999),
- Велеградот (роман, 2000).
Починал по кратко и тешко боледување, на 16 август 2010 година во Битола, на 74-годишна возраст.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 566. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „Александар Цане Здравковски“. Daily.MK - Вести.[мртва врска]
- ↑ „Utrinski Vesnik“. www.utrinski.com.mk.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Родени во 1936 година
- Луѓе од Врањевци
- Починати во 2010 година
- Никулци за биографии
- Починати во Битола
- Македонски романописци
- Македонски драмски автори
- Македонски книжевни критичари
- Македонски средношколски професори
- Југословенски писатели
- Југословенски средношколски професори
- Членови на ДПМ
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“