Старавина
Старавина | |
![]() Панорамска фотографија на селото | |
Координати 41°05′23″N 21°44′00″E / 41.08972° N; 21.73333° EКоординати: 41°05′23″N 21°44′00″E / 41.08972° N; 21.73333° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 23[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7214 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02111 |
Надм. вис. | 858 м |
Слава | Голема Богородица |
![]() |
Старавина — село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото било административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Новаци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Старавина се наоѓа во областа Мариово, на северните падини на планината Ниџе. Селото се наоѓа на околу 35 километри од општинското средиште Новаци и на 50 километри североисточно од градот Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Демографски статистики за селото Старавина во османсликиот период:[2]
Османлиски дефтер | Домаќинства | Неженети | Вдовици | Годишен приход |
---|---|---|---|---|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 г. | Пресметано заедно со Градешница | |||
Дефтер бр. 16 од 1481/82 г. | 38 | 1208 | ||
Дефтер бр. 73 од 1519 г. | 80 | 14 | 5 | 4156 |
Дефтер бр. 149 од 1528/29 г. | 77 | 8 | 6929 | |
Дефтер бр. 232 од 1544/45 г. | 63 | 9 | 2190 |
Во XIX век селото е дел од Прилепската каза (Мариовска нахија) во Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Старавина живееле 590 жители, од кои 570 Македонци и 20 Роми.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Старавина имало 560 Македонци, патријрашисти.[4]
Најголемиот број на жители селото го достигнува во 1953 година, кога во Старавина живееле 741 жител. Според пописот 2002 селото брои 23 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 590 | 560 | 666 | 741 | 655 | 405 | 217 | 43 | 26 | 23 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на големата Општина Новаци, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Старавина.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Битола. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на некогашната Општина Старавина, во која покрај селото Старавина, се наоѓале и селата Будимирци, Градешница, Групиште и Зовиќ. Општината Старавина постоела и во периодот 1950-1952 година.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 175 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на општината.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Никола“ — се наоѓа во близина на селото, на најгорниот дел и не е зографисан;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква изградена околу 1860 година и се наоѓа на Старавинско Тумбе;
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Пешта — населба и некропола од римско и доцноантичко време;
Личности[уреди | уреди извор]
- Калеш Анѓа — легендарна Македонка која никогаш не се потурчила.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Старавина на Ризницата ?
- Село Старавина, Мариово
|