Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова)
Изглед
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°05′09.7″N 21°43′08.3″E / 41.086028°N 21.718972°E |
| Место | Старавина |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Завршено | 2006 |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Од мермерна плоча со ктиторски натпис пред влезот на црквата се забележува дека таа била изградена во 2006 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна. Кон западната страна е доградена мала отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на северната страна којшто води до вестибулот. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле и е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Куполата
- Апсидата
- Мермерната плоча
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) на Ризницата ?


