Пешта (Старавина)
„Пешта“ | |
Поглед на наоѓалиштето | |
| Местоположба | 41°05′30″N 21°44′25″E / 41.09167°N 21.74028°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Старавина |
| Општина | Новаци |
| Тип |
|
| Период | римско време |
| доцноантичко време | |
| Портал „Археологија“ | |
Пешта или Градиште — археолошко наоѓалиште и тврдина во близина на селото Старавина.
Опис
[уреди | уреди извор]Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Според некои докази, Пешта потекнува од периодот на владеењето на античкомакедонските владетели, поточно од IV век п.н.е. На местото постоел и град кој е поврзан со преданието дека тоа е родното место на кралот Филип II, имајќи го предвид историскиот податок дека тој слегол од планините и потоа ја изградил престолнината Пела, а најблискиот планински масив северозападно од Пела оној во мариовскиот крај. Во отоманскиот период, тврдината Пешта е местото каде што се засолниле жителите на мариовските села по враќањето на Калеш Анѓа и во неа останале под опсада десет години. По Мариовско-прилепската буна од 1564-1565 година, тврдината ја изгубила својата оригинална намена. Денес, тврдината е разрушена, што во голема мера се должи на бомбардирањето во текот на Првата светска војна.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 32-33.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Пешта (Старавина) на Ризницата ?
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Старавина
- Археолошки наоѓалишта во Општина Новаци
- Археолошки наоѓалишта во Битолско
- Тврдини во Македонија
