Мариовско-прилепска буна (1564-1565)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мариовско-прилепски буни
Датум 1564/65 (Првата) и 1688/89 (Втората)
Место Мариово и Прилепско
Исход Задушување на буната

Мариовско-прилепски буни — едни од првите начини на отпор против османското ропство во Македонија.

Прва буна[уреди | уреди извор]

Поради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на подем на Османлиската империја, кога со неа владеел Сулејман Величенствениот. Водачи на буната биле Димитри Стале од село Сатока, попот Димитри од село Градешница, Стојан Пејо и попот Јако од село Старавина и Матјо Никола од село Велиште[1]. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села.

Турскиот султан испратил наредба до кадијата во Прилеп и Скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови. На 4 декември 1565 г. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се смета дека оваа буна била крваво задушена, бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје (Бешиште), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано.

Втора буна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мариовска буна (1688-1689).

Втората мариовска буна во 1688/89 година имала помали размери од претходната. Тоа е време кога со Мариовскиот хас (општина) управувал Мехмед-паша. Тој се жалел до Високата порта дека мариовската раја и натаму се бунтува, а доста мариовци се одметнале во ајдуци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. *Стојановски, Александар (2006). Македонија под турската власт: статии и други прилози. Институт за национална историја. http://books.google.com/books?id=GtotAQAAIAAJ. „11 декември 1565 година, поименично се спомнуваат главните протагонисти на народното бунтување во Мариово. Тоа биле: Димитри Стале од с. Сатока, поп Димитри од с. Градешница, Матјо Никола од с. Бешиште, Стојан Пејо ...“ 

Галерија[уреди | уреди извор]