Пелопонеско востание (1770)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелопонеско востание
Датум 1703
Место Пелопонез
Исход задушување на востанието
Територијални
промени
Османлиско Царство
Завојувани страни
* грчки востаници
 Русија
 Османлиско Царство

Пелопонеското востание претставува востание против Османлиското Царство од страна на грчкото население на Пелопонез по иницијатива на рускиот гроф Орлов кој бил командант на поморските сили во текот на Руско-турската војна[1].

Позадина[уреди | уреди извор]

Во времето кога Османлиското Царство значително ги губила своите позиции, руски емисари биле испратени во Мани кон средината на 1760-тите за да направат сојуз со месното население за борба против турската власт. Руските емисари исто така го контактирале на грчкиот бродски магнат Даскалогијанис на Крит. Во 1769 година, во времето на руско-турската војна, една флота од 14 бродови на чело со Алексеј Орлов испловила од Балтичко Море кон Средоземјето. Флотата пристигнала на Мани во 1770 година. Руските војници останале да им помогнат на востаниците, додека флотата отпловила кон Егејско Море.

Тек[уреди | уреди извор]

На почетокот од востанието, грчката војска забележила успех. Набргу востанието се проширило во остатокот од Грција, без Крит. На чело на востанието и официјално застанал Јоанис Влахос познат како Даскалогијанис. Јоанис Влахос своето образование го стекнал во странство а по враќањето на Крит работел како градски службеник. Станал сопственик на трговски бродови кои пловеле низ Медитеранот. оанис се согласил да го финансира востанието против турските власти. Но поддршката која била ветена од руска страна никогаш не пристигнала на Крит а востаниците биле оставени сами да војуваат. Со помош на грчките жители на островот, руската флота била во можност да постигне голема победа против турската морнарица во битката на Чешме, но тоа не им помогнало на грчката армија во Мореја. Востанието започнало на 25 март 1770 година и за кратко време Крит бил скоро целосно ослободен. Но турските власти испратиле дополнителни сили и востанието бргу било задушено, а самиот Јоанис бил заробен со група од околу 70 бунтовници и погубен во јуни 1771 година.

По востанието[уреди | уреди извор]

Од руска гледна точка, востанието било успешно поради уништување на турската флота, но од грчка страна востанието било погубно поради турската одмазда која следувала. Грците биле заборавени во Кучуккајнарџискиот договор, а по овој настан Грците кон Русите гледале кон недоверба, па самата интелигенција се свртела кон Велика Британија и Франција.

Наводи[уреди | уреди извор]