Албанско востание (1843–1844)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албанско востание (1843–1844)
Датум 1843–1844
Место Отоманска Албанија
Отоманска Македонија
Косовски вилает
Исход Задушување на востаниетп
Завојувани страни
Османлиско Царство
Османлиска Империја
Албански востаници
Команданти и водачи
Османлиско Царство Хајредин Паша
Османлиско Царство Омер Паша
Дервиш Цара
Мустафа Зеркани

Албанското востание (1843 – 1844)[1][2] или востанието на Дервиш Цара,[3] претставувало вооружен конфликт против османлиската власт во околината на Скопје, Тетово и Приштина.

Позадина[уреди | уреди извор]

По започнувањето на танзиматските реформи во 1839 година, како главна цел на османлиските власти била модернизација на армијата и поголема централизација на администрацијата. Најмногу од овие реформи загубил тимарскиот систем кој бил управуван од муслиманското население низ империјата односно локалните бегови кои претходно имале големо влијание врз политиката на регионите со кои управувале. Албанците како народ дале голем број на државници во империјата но замената на влијателните локални лидери со османлиски функционери и воведувањето на нови даноци довело до обид за разоружување на албанското население. Ова незадоволство довело да во летото 1843 година неколку жители на градот Призрен започнат напад над неколку од тое нови функционери во градот[4].

Востание[уреди | уреди извор]

Востанието на Дервиш Цара започнало во Скопје во јули 1843 година кога биле најпрвин уапсени а потоа и погубени Абдулрахман Паша од Тетово и неговите два браќа Хавзи Паша од Скопје и Хусеин Паша од Ќустендил. Бунтовниците биле поддржани од други албански паши како и од локалното христијанско население. Албанските сили значително се зголемиле кога османлискиот предводник Хајредин Паша се обидел да регрутира Албанци во османлиската армија. Така, востанието се проширило и во ноември 1843 година бил заземен градот Гостивар, а во јануари 1844 по големи борби паднал и градот Тетово, додека Скопје бил освоен во февруари. Предводени од Дервиш Цар, во заземаните територии бил формиран совет кој управувал. Во следниот период биле освоени Куманово, Прешево, Бујановац, Врање, Лесковац и.т.н. Бунтот се проширил и во реонот на Пеќ, Ѓаковица , Призрен и Скадар. Во пролетта на 1844 година го опфаќал просторот од Охрид и Битола на југ, северниот дел на Косово, Скадар на запад и Куманово на исток[5]. Востаниците испратиле писмо до Албанците од Јанинскиот санџак за преминување кон востанички дејства и во овој регион.[6].

Плашејќи се од понатамошно проширување на востанието, турската влада се обидела да освои време преку преговори. Востаниците барале да се укине воениот совет од нивна страна како замена на османлиските функционери со албански како и прогласување на автономија на Албанците слично како српскиот статут од 1830 година. Османлиските власти не ги прифатиле овие барања но направиле неколку отстапки според кој прогласиле амнестија за бунтовниците, биле откажани новите даноци а воената регрутација била одложена со разбирање дека во иднина тоа ќе биде доброволно за секој жител на империјата. Додека се одвивале преговорите, Омер Паша со сила од околу 30.000 османлиски војници во мај 1844 година започнал напад кон востаниците принудувајќи ги да се повлечат кон Тетово и Скопје. Големи борби се воделе во мај кај Катланово каде востаниците биле поразени а на 21 мај османлиските сили влегле во Скопје по кое следувало угнетување на локалното население. По ова паднале за краток период и останатите градови а Дервиш Цара бил заробен.

Дебар[уреди | уреди извор]

По апсењето на Дервиш Цара конфликтот продолжил во Дебар и Скадар. Во есента 1844 османлиските сили на чело со Реџеп Паша биле поразени на Мавровско Поле на чело со Мустафа Зеркани. Најголеми борби имало во битката кај Горица која траела пет дена. Според извештај на францускиот дипломат во Јанина во битката учествувале жени и деца[7]. Османлиската армија иако имала големи загуби, главно поради поголем број на војници успеала да победи во битката.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kreyengritja e Dervish Cares, perktyes Lutfi Rusi, Shkup, 1985;
  2. The Albanians: a modern history Author Miranda Vickers Edition 3, revised, illustrated, reprint Publisher I.B.Tauris, 1999 ISBN 1-86064-541-0, ISBN 978-1-86064-541-9 p.25
  3. Albanische Geschichte: Stand und Perspektiven der Forschung Volume 140 of Südosteuropäische Arbeiten Authors Oliver Jens Schmitt, Eva Anne Frantz Editors Oliver Jens Schmitt, Eva Anne Frantz Publisher Oldenbourg Wissenschaftsverlag, 2009 ISBN 3-486-58980-6, ISBN 978-3-486-58980-1 p. 168
  4. Historia e Shqipërisë. Vëllim i dytë / Instituti i historisë Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë Published: Tiranë, Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë, 1984 p. 127
  5. Albanische Geschichte: Stand und Perspektiven der Forschung Volume 140 of Südosteuropäische Arbeiten Authors Oliver Jens Schmitt, Eva Anne Frantz Editors Oliver Jens Schmitt, Eva Anne Frantz Publisher Oldenbourg Wissenschaftsverlag, 2009 ISBN 3-486-58980-6, ISBN 978-3-486-58980-1 p. 168
  6. La Question Nationale En Europe Du Sud-Est: Genese, Emergence Et Développement de L'Identite Nationale Albanaise Au Kosovo Et En Macedoine Author Bashkim Iseni Publisher Peter Lang, 2008 ISBN 3-03911-320-8, ISBN 978-3-03911-320-0 p.176
  7. Historia e Shqipërisë. Vëllim i dytë / Instituti i historisë Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë, Published: Tiranë, Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë, 1984 p. 129