Априлско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Априлско востание
Дел од Големата источна криза
BulgarianRebels1876Antonoff.jpg
Датум 20 април – средина на мај 1876
Место Отоманска Бугарија
Исход Востанието било задушено, што довело до Руско-турската војна (1877-1878)
Завојувани страни
Бугарски револуционери  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Георги Бенковски 
Иларион Драгостинов 
Панајот Волов 
Стојан Заимов
Стефан Стамболов
Христо Ботев 
Османлиско Царство Хафуз-паша
Османлиско Царство Јусуф-ага
Османлиско Царство Хасан-паша
Сила
околу 10,000 околу 100,000
Жртви и загуби
15,000–30,000 убиени (вклучувајќи и цивили)[1] 1,000–4,000 убиени[се бара извор]
Знамето на востаниците од Горна Орјаховица

Априлското востание е востание кое било организирано од страна на Бугарите во Османлиското Царство на 20 април 1876 година[2]. Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1878 година. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани.[3]

Позадина[уреди | уреди извор]

Во текот на XVIII век, класичните држави или империи како што била Османлиското Царство, била раководена од страна на султан. Населението на империјата се состоелo од голем број на етнички групи кои зборувале на различни јазици. Идејата за создавање на т.н. една држава-една нација, започнала да се јавува во текот на XIX век. Во текот на истиот век, Османлиите заостанувале во скоро сите погледи и технологии до европските. Поради постојаното слебеење на Османлиското Царство, властите им испорачувале тешки даноци на христијанското население. Во 1875 година избувнало Босанското востание.

Подготовки[уреди | уреди извор]

Востанието било подготвено во време од два месеци. Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било поддржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија.

Текот на востанието[уреди | уреди извор]

Востанието избувнало во Копривштица, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти.

Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Historical Dictionary of Bulgaria, Raymond Detrez, Edition 3, Publisher Rowman & Littlefield, 2014, ISBN 1442241802, p. 38.
  2. Податокот е според јулијанскиот календар.
  3. McCarthy, Justin: The Ottoman Peoples and the end of Empire; London, 1981; p.44

Литература[уреди | уреди извор]