Атмејдански инцидент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Атмејдански инцидент
Дел од Востанија против Османлиската Империја
Hippodrome of Constantinople 1.jpg
Поглед кон денешниот плоштад
Датум 1648
Место Истанбул, Османлиска империја
Завојувани страни
*Јаничари  Османлиско Царство
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато
непознато

Атмејданскиот инцидент претставувал бунт во времето на стагнацијата на Османлиската империја. Името Атмејдани на турски го означува плоштадот Султанахмед или хиподромот во денешниот град Истанбул.

Позадина[уреди | уреди извор]

Султанот Ибрахим I на 12 август 1648 година бил симнат од престолот а потоа и убиен од бунтовниците. На негово место застанал неговиот шестгодишен син Мехмед IV. По стапувањето на престолот на еден султан било обичај да се подарат парични средства на војниците, но земјата во тоа време се наоѓала во криза поради војната со Венеција за Крит и регентите на султанот не биле во можност да ги исплатат на војниците. Најмногу се побунила главната коњаница на армијата.

Инцидент[уреди | уреди извор]

По два месеци од стапувањето на престолот на Мехмед, неговите регенти решиле да ги испратат спахиите на Крит. Но наместо тоа налутените спахии се вратиле во престолнината за да си ги заштитат своите права, а кон нив се придружиле и дел од жителите на градот. Тие се упатиле кон денешниот плоштад Султанахмед. Според некои историчари овој протест бил тајно подржан од Косем султан како мајка на поранешниот султан Ибрахим. Иако портата ги исполнила нивните барања тие како услов да се повлечат доставиле дополнителни барања, како на пример да се разрешат дел од везирите. Властите испратиле двајца државници за да разговараат со толпата, но еден од нив кој бил член на јаничарскиот корпус бил убиен од толпата. По овој настан јаничарите ги обвиниле на спахиите и започнале улични пресметки каде јаничарите победиле[1][2].

По овој настан јаничарите добиле голема моќ и самите тие започнале немири во Истанбул. Проблематичните години на империјата продолжиле до почетокот на т.н. Ќопрулски период во 1656 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Niclolae Jorga: Geschiste des Osmanichen, ( trans. Nilüfer Epçeli) Vol 3,Yeditepe yayınları İstanbul, 2009, ISBN 975-6480-21-1 p 63
  2. Halil İbrahim İnal: Osmanlı Padişahları,Nokta Kitap, İstanbul, 2007, ISBN 978-9944-1-7437-4 p 322