Отоманска Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Албанија

Историја на Албанија

Coat of arms of Albania.svg
Античка историја

Рана историја
Илири
Илирик

Среден век

Византиска власт
Самоилова власт
Српска власт
Арберска власт
Кралство Албанија
Лешка лига
Венециска власт

Османлиска власт

Независност

Модерна Албанија

Кнежество Албанија
Кралство Албанија
Албанска Република
Италијанска власт
Германска власт
Комунистичка Албанија
Албанија

Портал:Албанија

Отоманска Албанија го опфаќа периодот од историјата на денешна Република Албанија кога територијата била во во составот на Османлиската империја. Целата територија под османлиска власт била во периодот од 1481 до 1912 година. По битката на Саврово поле во 1385 година поголемиот дел од албанските владетели станале отомански вазали.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во текот на 14 век на територијата на денешна Албанија и Епир опстојувале неколку суверени кнежевства на чело на албански аристократи. Овие кнежевства биле создадени по падот на Српското царство и инвазијата на Османлиите кон Балканот.

Османлиите својата империја ја прошириле од Анадолија кон Балканот во текот на 14 век преминувајќи го Босфорот во 1352 година. Во 1389 година се случила Косовската битка каде биле поразени српските сили. Во текот на 1402 година започнала монголската инвазија во Анадолија па балканските земји се спасиле во наредните години од потпаѓање под османлиска власт. По крајот на граѓанската војна Османлиите го 1453 година го зазеле Константинопол и своите сили ги насочиле кон неосвоените делови на Албанија и Епир.

Албанската земја се наоѓала под владеење на неколку скарани мали кнежевства. Во 1385 година албанскиот началник на Драч апелирал за помош кон османлискиот султан за борба против династија Балшиќ кои ја контролирале Зета. Во битката на Саврово поле Османлиите издвојувале победа над Зета по кое следувало албанските кнежевства да се заколнат кон верност на Османлиската империја. Ѓирокастро станал главен град на санџакот кој бил формиран во 1419 година. Во 1423 година Мурат II започнал голема воена кампања кон Балканот. Во 1431 година паднала Јанина во Епир, а во 1449 година тие веќе ги контролирале бреговите од Јонско Море. Албанските благородници имале право да ги задржат своите имоти и позиции како вазали, но морале да ги испратат своите синови во турскиот двор како заложници за да се обезбеди османлиската власт над реонот во случај на востание.

Отпор против Османлиите[уреди | уреди извор]

Албанскиот отпор против Османлиите започнал кон средината на 15 век. Јован Кастриот бил еден од албанските аристократи кој претходно се заколнал во верност кон султанот. Тој бил принуден да ги испрати своите четири синови во османлискиот двор каде биле обучени за воена служба. Најмалиот од нив, Ѓорѓија Кастриот (1403-1468) го привлекол вниманието на султанот. Со прифаќањето на исламот тој го добил името Искендер. Тој учествувал во неколку походи во Мала Азија и Европа, па тој бил назначен за администратор на балканските земји и тој од тој период станал познат како Скендербег. Во 1443 година Скендербег доживеал пораз во битката кај Ниш од страна на Унгарците. По овој пораз Скендербег преку измама успеал да го убеди османлискиот паша и владетел на Кројската тврдина да ја предаде тврдината, бидејќи така наредил султанот. Така по заземањето на тврдината Скендербег го прифатил католицизмот и објавил света војна против Османлиите.

На 2 март 1444 била формирана Лешка лига на чело со Скендербег. Лигата била предводена од Ѓорѓија Кастриот, а по неговата смрт од Лека Дукаѓини. Ѓерѓ ја организирал средбата на албанските благородници од фамилијата Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и лидерите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот Леж. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет.

Бројот на албанските војници достигнал преку 10.000 луѓе. Главна помош лигата ја добивала од Венеција, Унгарија и папата во Рим. На 14 мај 1449 година започнала опсадата на Светиград која завршила со османлиска победа. Најголема победа на Скендербег се случила во опсадата на Кроја во 1450 година. Во следниот период Скендербег ги зазел градовите Дебар и Охрид. Скендербег починал во 1468 година а на негово место бил поставен Лека Дукаѓини. Лешката лига се одржала до 1479 година кога била принудена да отстапи пред Османлиите.

Османлиска власт[уреди | уреди извор]

Во историјата на Отоманската империја 42 големи везири потекнувале од Албанија. Во периодот меѓу 17 и 19 век, од 92 велики везири, 25 имале албанско, а само 19 турско потекло. Пред доаѓањето на Османлиите Албанија била христијанска земја за разлика од денес каде мнозинство се муслимани. Исламизацијата во Албанија најпрво имала чисто формален карактер – поединци прифаќале муслимански имиња и само понекогаш оделе во џамија, а ги задржувале христијанските погледи, дотолку повеќе што не се практикувало подучување на новата вера. Бекташкиот ред во Албанија бил прифатен повеќе од која и да е друга провинција на Османлиската Империја. Најмногу бекташи имало во јужна Албанија, а еден мал број во околина на областа Кроја.

На оваа територија биле формирани:

Албанците масовно се вклучиле во Младотурската револуција, а помеѓу младотурците се истакнал Ибрахим Темо. Со надеж дека со враќањето на суспендираниот Устав ќе ги уживаат националните права, тие масовно се приклучиле на револуцијата и биле еден од нејзините главни столбови.

Независност[уреди | уреди извор]

Во 1912 година Албанија се нашла пред голема опасност да биде поделена меѓу Грција, Србија и Црна Гора за време на Првата балканска војна. Црногорската војска го нападнала Скадар, српските војски навлегле преку Дебар и Струга и без поголем отпор го зазеле Елбасан и централниот дел на Албанија, а од север преку Пеќ и Призрен пристигнале до Љеш. Истовремено, грчката војска навлегла кон Јанина, а преку Битола избила на Корча.

По Првата светска војна, Албанија прогласила независност од Османлиската империја.