Старавински манастир
Панорама на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Старавински манастир |
| Други имиња | Манастир „Свети Атанасиј“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Посветен на | Свети Илија |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | Црква „Св. Атанасиј“ (стара) Црква „Св. Атанасиј“ (нова) |
| Личности | |
| Место | |
| Место | во близина на Старавина, Општина Новаци |
| Координати | 41°05′09″N 21°43′08.5″E / 41.08583°N 21.719028°E |
| Видливи остатоци | две цркви, конак, параклис, крст, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Старавинска парохија) |
Старавински манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на северозападните падини на планината Ниџе, во месноста Старавинско Тумбе во близина на селото Старавина.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил основан со изградбата на старата манастирска црква во 1860 година.[2] Од мермерна плоча пред влезот на новата црква се забележува дека таа била изградена во 2006 година.
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, параклис, крст и помошни објекти.
Црква „Св. Атанасиј“ (стара)
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони.
- Поглед на црквата
- Внатрешноста
Црква „Св. Атанасиј“ (нова)
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна.
- Поглед на црквата
- Куполата
Параклис „Св. Преображение“
[уреди | уреди извор]Параклисот се наоѓа во непосредна близина на манастирот. Тој претставува летниковец со квадратна основа во којшто има свеќарници и макета на црква.
- Поглед на параклисот
- Внатрешноста на параклисот
- Макета на црква
Настани
[уреди | уреди извор]Во манастирот се слават празниците посветени на патрониот светец Свети Атанасиј Велики на 14 и 15 мај, како и Преображение Христово на 18 и 19 август.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Дворот на манастирот
- Конакот
- Скали на конакот
- Помошен објект
- Крстот
- Старата (во преднина) и новата црква (во позадина)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Старавински манастир на Ризницата ?