Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина
Успение на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Старавинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°05′25.2″N 21°44′10.6″E / 41.090333°N 21.736278°E |
| Место | Старавина |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1862 |
| Живопис | 1887 |
| Зограф | Јосиф Радев, Јаков Радев |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Старавина.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во источниот дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1862, а живописана во 1887 година.[2] Во 1918 година, храмот бил целосно разрушен. Потписите на фреските најпрвин биле испишани на грчки, а по обновата на храмот биле испишани на црковнословенски.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Кон западната и јужната страна е доградена затворена припрата. Главниот влез е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Над главниот влез има ниша со фреска на којашто е прикажано Успението на Пресвета Богородица, а над споредниот влез има ниша со фреска на Свети Никола.
Во внатрешноста на црквата има висок иконостас, изработен од дрво во поново време. Се претпоставува дека фрескоживописот е дело на тајфата на браќата Јосиф и Јаков Радеви од селото Лазарополе, кои биле ученици и меѓу првите следбеници на Дичо Зограф. Како последица на оштетувањата на црквата во Првата светска војна, фрескоживописот е застапен само на ограничена површина. Особено внимание од фрескоживописот привлекува застапената сцена на прасловенските учители Свети Кирил и Методиј коишто се насликани во архијерејска одежда со митра на главата. Свети Кирил е прикажан како средовечен човек со темна коса и брада, кој во десната рака држи крст, а во левата отворен свиток со испишан текст на старословенски јазик. Свети Методиј е насликан како старец со бела коса и брада, кој со десната рака благословува и држи свиток со азбука во левата рака.[2]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од десната страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Горниот дел има помала основа и во висина на ѕвоното е отворен.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Камбанаријата со црквата
- Јужната и источната страна
- Дворот на црквата
- Влезната врата до припратата
- Припратата на јужната страна
- Припратата на западната страна
- Главниот влез
- Ниша со фреска над главниот влез
- Споредниот влез
- Ниша со фреска над споредниот влез
- Внатрешноста
- Фрески на таванот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Црква „Св. Богородица“, село Старавина[мртва врска]“. Rural Adventure.
- ↑ „Старавина Архивирано на 1 декември 2021 г.. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина на Ризницата ?


