Рапеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рапеш
Рапеш is located in Македонија
Рапеш
Местоположба на Рапеш во Македонија
Координати 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГД / 41.10306; 21.64806Координати: 41°6′11″N 21°38′53″E / 41.10306° СГШ; 21.64806° ИГД / 41.10306; 21.64806
Регион Мариово
Општина Општина Новаци
Население 46 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 604 м
Рапеш на општинската карта
Рапеш во Општина Новаци.svg

Атарот на Рапеш во рамките на општината

Рапеш е село во Општина Новаци, во областа на Мариово, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Рапеш се наоѓа во битолскиот дел на Мариово, на источната падина на Селечка Планина, а на територијата на Општината Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Атарот зафаќа простор од 22,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.119 ха, на пасиштата отпаѓаат 791 ха, а на шумите 98 ха. Селото има полјоделско - сточарска функција. Од градот Битола, селото е оддалечено 35 километри. Поради емиграција на населението. селото преминало од средна, во мала населба, населена со македонско население. Кон 1860 година е изграден храмот Св. Преп. Параскева и Св. Вмч. Димитриј.

Историja[уреди | уреди извор]

Разрушеното село Рапеш во годините на Првата Светска војна

Во XIX век селото е дел од Прилепската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Рапеш живееле 388 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рапеш имало 448 Македонци егзархисти.

[2]Според пописот од 2002 селото брои 46 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 388[1] 448[2] 387 428 478 427 309 97 74 46

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Селото Рапеш е второ село во мало Мариово, веднаш до Црна Река. Во селото има интересни и чисто македонски градби на куќите. Исто така, овој регион е богат со дивеч, најмногу со дива свиња и срна, а исто така бидејќи се наоѓа веднаш до Црна Река, овој дел е богат и со риба.

Цркви[5]
Археолошки локалитети[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]