Рапешки мост
Изглед

Рапешки мост — бетонски мост кој ја премостува Црна Река во близина на селото Рапеш по коешто и го добило името. Мостот се наоѓа на 29 км од селото Новаци и претставува влез во т.н. Старо Мариово.[1]
Туризам
[уреди | уреди извор]Мостот е привлчено место за рибари кои ловат во Црна Река, а за починка го користат и патниците кои патуваат до селата: Зовиќ, Брник, Будимирци, Старавина и Градешница.[1] Во непосредна близина на мостот, од левата страна на Црна Река и непосредно на левата страна од патот се наоѓа параклисот „Св. Архангел Михаил“, каде што е планирана изградба на манастир.
-
Црна Река видена од мостот
-
Параклисот „Св. Архангел Михаил
-
Влезот во параклисот
-
Трпезарија на параклисот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Рапешки мост на Ризницата ?