Скочивирска Клисура
Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км,[1][2] претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешката Котлина.
Низ клисурата тече реката Црна, каде течението е всечено во кристалести шкрилци (гнајс) и наместа во гранити.
Морфологија[уреди | уреди извор]
Морфолошки, клисурата може да се подели на три дела:
- првиот е потегот меѓу Пелагониската и Мариовската Котлина, каде долината од страните има пад повисок од 900 м;
- вториот дел ја опфаќа широката висорамнина на Мариовската Котлина
- третиот дел го опфаќа потегот од утоката на реката Блашица до селото Возарци.
За највпечатлив предел на клисурата важи оној помеѓу утоките на реките Бела и Коњарка, каде се среќаваат мошне интересни образби како огромни лонци, брзаци и слапови високи до 3 м.
Галерија[уреди | уреди извор]
Клисурата во близина на селото Манастир
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Скочивирска Клисура. стр. 1373“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ други извори даваат 104 км.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Скочивирска Клисура на Ризницата ?
Координати: 41°4′30″N 21°40′15.6″E / 41.07500° СГШ; 21.671000° ИГД