Бртви (Суводол)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карта

Местоположба 41°3′54″N 21°32′4″E / 41.06500° СГШ; 21.53444° ИГД / 41.06500; 21.53444Координати: 41°3′54″N 21°32′4″E / 41.06500° СГШ; 21.53444° ИГД / 41.06500; 21.53444
Основни податоци
Место Суводол
Општина Новаци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Бртвиархеолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 500 м североисточно од селото, лево од стариот пат за селото Маково (сега потопен од акумулационото езеро), каде во 1977 година Заводот и музеј од Битола и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје извршиле заштитно ископување при што се откриени темели од објекти градени од камен и кал. Најдени се фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, како и сребрена монета од Валенс. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069